Мила Кадриу го отвори претпоследниот ден на Fashion Weekend Skopje со моден brunch во Хорти Експерт гарден центарот во Скопје. На ревијата беа претставени 26 креации од најновата колекција на Кадриу за претстојната сезона пролет/лето 2014.
Во новата колекција преовладуваат бои во пастелни и потемни тонови, цветни принтови, едноставни кроеви, како и лелеави и романтични дизајни кои сами по себе извикуваат пролет. Целата колекција зрачи со една неверојатна, женствена софистицираност и лесно може да ве натера да посакате да го имате секое парче во вашиот плакар.
Фантастично е тоа што за првпат се случува кај нас да имаме fashion brunch, а и истото негово одржување беше на една необична локација која е патем целосно својствена со концептот на колекцијата. Нежните женствени детали составени од тантела создаваат чувство на ведрина присутно низ сите 26 креации. Не беа изоставени ни цветните детали, како и paisley принтот, без кои оваа колекција би била некомплетна; тие принтови го доловуваат летниот дух на колекцијата.
M Couture не престанува да воодушевува со секоја наредна сезона.
0 comments:
Post a Comment