Се што знаеме за љубов, научивме од Лиз Тејлор, а, се што знаеме за како да останеш незаборавен научивме од Бобан Илиевски.
![]() |
Photography by Miladin Papovic Photography |
Нескромно, кој ме читал знае дека од време на време се појавуваат дизајнери кои ми го освојуваат срцево, предводени од Ирина Тошева, Стефанија Насевска и creme de la creme од вчеравечер, Chic Undercowear. Позната ни е на сите иконичната фотографија на Елизабет Тејлор во водена крпа, но, како што кажав незаборaвна ќе остане и колекцијата за сезона пролет/лето 2014 на Бобан Илиевски.
![]() |
Photography by Miladin Papovic Photography |
Метаморфозата на пеперутки во хармоничен хаос на живост, младост и лудост, донесе наочари со иницијалите на дизајнерот, асиметрични сукњи, долги фустани, диско хеланки и маички чии натписи врескаа во мешавина од нашите омилени песни подобрено со придавката својствена за брендот. Très chic!
Photography by AD Photography |
Бобан Илиевски е дизајнер на кој екстраванганзата му е средно име, но да не се лажеме, секое парче облека содржеше баш она што брендот сам го препорачува, дама во заседа, спремна да нападне.
Photography by AD Photography |
![]() |
Photography by AD Photography |
Бобан, те обожаваме.
0 comments:
Post a Comment