Чувството на екстремна среќа која еуфорично те тера да се
чувствуваш полесен од своето постоење е меѓу другото дефиниција на Облак број 9, а, кога дизајнерката, која
веќе не треба ни да ја преставуваме ја предводи ова платформа, тогаш описот е и
повеќе од точен.
Ирина Тошева со својот спектар на живи и енергични бои, вчера во рамките на
Ауди Порше салонот во Скопје, го донесе летото на љубов во модерна верзија. Дел
од парчињата облека создадоа атмосфера во духот на седумдесетите години од
минатиот век, но, далеку од тоа дека ова беше колекција која е носталгична за
добрите хипи денови, напротив беше комбинација на старото и новото, претопено
во спој кој повторно измами критики од типот „Тошева растури!“.
Кат-аут маички, фустанчиња, мини сукњи, комбинезони, траперки или ѕвонарки
пантолони, вонзмески наочари и принтови кои на десетина минути навистина не однесоа на
место каде што среќата е единствена опција за преживување.
На крај кратко видео од атмосферата на ревијата како и од нашиот омилен изглед.
0 comments:
Post a Comment